Според договорот Заев-Ахмети, коалициските партнери во владата, ДУИ ги превзема од СДСМ и Бирото за јавна безбедност во МВР, како најважна оперативна позиција во полицијата, како и Финансовата полиција, како клучна институција за финансиско разузнавање.
Исто така ДУИ ќе раководи и со Фондот за здравство, како една од клучните институции во оваа област.
Началникот на СВР Тетово, Шефик Бајрами, ќе биде директор на БЈБ, додека пак досегашниот заменик во министерството за финансии, Ширет Елези е нова директорка на Финансовата полиција.
Со државниот инспекторат за труд ќе раководи, Хади Фетиши, а пак со Фондот за здравство, Фатон Ахмети. Нов директор во МЕПСО е Мукадес Хајдари, а на АЕК, Арианит Џафери.
Со Директоратот за заштита и спасувањ ќе раководи,Арсим Нуредини, Агенција за лекови му припадна на Лирим Шабани, а Ејуп Рустеми со Агенцијата за Државни патишта.
Со Бирото за метрологија ќе раководи,Фестим Халили, а во Центарот за управување со кризи, назначен е Бајрам Насуфи. Со Државниот катастар ќе раководи, Башким Ахмети, а со Македонски железници, Фатон Положани кој во минатиот состав беше заменик министер за транспорт и врски.