Дел од раководството и членството на Интегра премина во ВМРО-ДПМНЕ. Трансферот на заедничка средба го официјализира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на Интегра, Воислав Зафировски.

-Јас сум задоволен затоа што од овој момент и во деновите кој што следат ќе биде процес на окрупнување на опозицискиот фронт. Групации, здруженија на граѓани, поединци, политички партии се оние структури кои што ќе го окрупнат и омасовнат опозицискиот блок против оваа мафија која што денеска се наоѓа во Владата, порача Мицкоски на прес-конференција.

Според Мицкоски, лидерот на Интегра бил финансиски мотивиран од други политички партии за да направи штета во опозицијата и да отцепи дел од гласовите.

„Ние и пред изборите имавме повик за окрупнување на опозицискиот фронт, но за жал дел од оние политички партии кои се надвор од парламентот, а кои се декларираа како опозициони, еден е таков и лидерот на Интегра, имаме информации и докази дека биле финансиски мотивирани од други политички партии за да функционираат така како што функционираат. Луѓето кои се денеска тука со мене, дел од тие индиции ги потврдуваат со сопствено сомневање дека постојат сериозни финансиски мотиви кај определени самопрогласени опозициони лидери на политички партии, со една цел да направат штета во опозицијата и да отцепат дел од гласовите, што морам да признаам на долг рок е штетно за граѓаните, а на краток рок нив можеби им донесе среде кампања и ново возило патничко кое чини 30-40 илјади евра“..