Пред да одиме на избори, нашата земја треба да има знаме и да биде 30-та рамноправна членка во НАТО со другите, велат од владејачката ДУИ.

Партијата на Али Ахмети смета дека изборите на 12 април би ја загрозиле европската иднина на државата и меѓу избори напролет или одложени избори, ДУИ ја преферираат втората варијанта, објавува „Нова Македонија“.

Според интегративците, треба да се почека ратификацијата на Протоколот за членството во НАТО во парламентот на Шпанија, а потоа и во македонското Собрание.

Од ДУИ сметаат дека изборите на 12 април би го загрозиле и евентуалното добивање датум за преговори со Европската Унија на Самитот во Загреб во мај, догодина.

– Ако Изборниот закон вели распуштање на парламентот 60 дена пред избори, тогаш од 11 февруари Македонија ќе остане без парламент. Ќе нема пратеници кои би гласале за евентуалните нови услови, закони или одлуки, кои може да се очекуваат со новата методологија на Франција во Стратегија за реформи во ЕУ по Нова година, велат во ДУИ, објавува „Нова Македонија“.