Нема дилеми, ВМРО-ДПМНЕ ги очекува само пораз на изборите на 12 април, соопшти денеска владјеачкиот СДСМ.

– Граѓаните нема да дозволат обнова на грабежот на народните пари. ВМРО-ДПМНЕ која е навикната само на земање од граѓаните, денеска во Собранието повторно се обидува да го попречи носењето на Законот за минимална плата, но и измените на Законот за стечајци. Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која не може да се помири што конечно парите се враќаат кај граѓаните, наместо да завршуваат во белиот дворец. 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на платите, 11 години ги игнорираше стечајците и ја злоупотребуваше нивната мака, а денес оваа партија го прваи истото и како опозиција, преку закани за блокада на работата на собраниската Комисија за труд и социјална политика, се вели во соопштението.

Јасно е, се додава натаму, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не сакаат минималната плата да порасне на 14.500 денари.

– ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат да се зголеми опфатот на стечјани работнции кои ќе добиваат месечен надоместок до пензионирање за кончено да се реши долгогодишната неправда. Деструкција, грабање на парите на граѓаните и силно противење на секоја мерка што го унапредува животниот стандард на семејствата. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Нема дилеми, со таква понуда ги очекува само пораз на изборите на 12 април. Граѓаните нема да дозволат обнова на грабежот на народните пари. Без разлика колку и да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, минималната плата ќе се покачи на 14.500 денари, а сите стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок се до нивно пезнионирање, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.