Наместо да ѝ одговори на јавноста за над 252 милиони евра штета од криминалните и незаконските градби во Чаир поврзани со Изет Меџити, за милионите незаконски одвоени за време на неговиот мандат како министер, за 19-те милиони евра во случајот со Бурим Латифи, за милионите злоупотребени од Недим Рама и за други случаи, криминалниот менталитет на ВЛЕН секојдневно произведува заговори. Единственото што успева да го реализира е целосното потчинување кон ВМРО-ДПМНЕ, со надеж дека на тој начин ќе ја прикрие корупцијата и ќе добие политичка милост, пишува во денешното соопштение на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.
Но, ЌЕ ОДГОВАРААТ!
Ја продадовте судбината на Албанците и европската иднина на граѓаните само за власт и фотелји, прифаќајќи да станете слуги и вазали на агенда која ја оддалечува земјата од Европа, само за да обезбедите покритие за вашите афери.
ДУИ бара неселективна правда и независно судство. Секое мешање во правдата и секој политички притисок врз судска постапка се неприфатливи. Правдата не смее да се користи како инструмент за прогон или политички пресметки. Постапките мора да бидат независни, отворени и транспарентни, за јавноста да може да се запознае со секое тврдење, доказ и факт.
Вие сте корумпирани, предавници и неспособни. Точка.
ДУИ




