Демократската унија за интеграција денеска извести за неодговорното работење на МЕПСО и директорот на оваа важна институција Бурим Латифи кој реализира тендери за хортикултурно уредување или народски кажано купува цвеќе за сума од над 1.000.000 денари, се истакнува во соопштението од ДУИ, кое го пренесуваме во целост:

Во прилог ви го праќаме говорот од Прес-конференцијата за медиуми исто така ги имате и Рамковната спогодба за јавна набавка на услуги.

Денеска сме тука да ја известиме јавноста за несовесното работење на МЕПСО, и нивниот Директор Бурим Латифи, кадар на партијата на Изет Меџити и негов прв братучед, кој наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за престојната зима, реализира тендери за Хортикулурно уредување, или народски кажано купува цвеќиња за сума од над 1.000.000 денари.

Првата активност на новиот директор, братучед на Џентлменот Меџити, уште пред да се запознае со неговите вработени, е да купи цвеќе.

Ова е целосно не домаќинско работење на компанија која главна задача му е енергетскиот сектор, а не купување на цвеќиња за 15.000 Евра во време кога граѓаните не можат да ги плаќат сметките за електрична енергија.

Замислете, наместо да им се помогне на граѓаните во делот на енергетската сиромаштија МЕПСО со Бурим Латифи плаќат цвеќиња- калемени рози по 9.000 ден парче.

Ги повикуваме институциите да постапат веднаш, а ние следствено ќе ги следиме на дневна основа сите нелегитимни узурпатори на институциите во нивното работење и ќе ги известиме надлежните институции за сите злоупотреби.

ДУИ

Фото: ДУИ