Композиторот и текстописец Рајко Дујмиќ, поранешен фронтмен на Нови Фосили, во 1983 година ја сними песната „Милена” . Тоа беше голем хит, а денес се смета за евергрин. Дујмиќ, инаку, еден од почитуваните евровизиски композитори, вели дека со Милена од песната се запознал во Црна Гора и дека ја сретнал пред неколку години.


„Мило ми е што многумина се препознаа во моите песни. Пред неколку години, ја видов и Милена од мојата песна. Таа е медицинска сестра во македонскиот град Неготино, а ја запознав во средината на 80-те години во Херцег Нови. И реков дека ќе заврши песната и не ми веруваше. Во првата верзија на песната, Зринко Тутиќ и јас напишавме дека мириса на вариво и живее кај свекрвата. Тогаш мојата сопруга ни рече: “Па, момци, немојте така”, а потоа Милена во верзијата која ја знаеме мириса на јаболка и живее како потстанар. Оваа песна на некој начин стана химна на сите медицински сестри. Милена ме јави кога бевме на концерт во нејзиниот град. Ме запозна и со нејзиното семејство”, вели Дујмиќ.

Со членовите на Нови Фосили, познатиот хрватски музичар не е во добри односи. Тој законски го заштитил името на бендот чиј фронтмен беше и му пречи што неговите поранешни колеги, Сања Долежал, Маринко Колнаго и Владимир Кочиш-Зец, ги пеат неговите хитови, особено “Милена”.

„Тие настапуваат како Сања, Маринко и Зец. Нека ги свират и пеат песните, но не им давам да го користам името Нови Фосили, бидејќи без мене тие не се Нови Фосили. Тешко ми е да гледам како Зец ја пее “Милена”, која сите ја знаат во моја изведба. Тоа е сквернавење на делото. Зец е одличен пејач, но многу послаб интерпретатор од мене “, вели  Дујмиќ.

Тој и денес создава песни за некои хрватски уметници.