На доделувањето на наградите Critics Choice Awards, целото внимание го украдоа вве актерки, 51-годишната Џулија Робертс и 51-годишната Никол Кидман.

Двете оскаровки, облечени многу слично, се определија за црно-бела комбинација на тоалети.

Фустанот што го носеше Никол Кидман беше инспириран од шеесеттите години на минатиот век и совршено се вклопи на линијата на телото. Фустани е креација на модната куќа Армани.

А Џулија Робертс повторно, по доделувањето на Златните глобуси, носеше интересна комбинација- бели панталони и сако без ракави.

По ваквите изданија на Џулија, многумина коментираа дека само таа има моќ да засени дами во најраскошни фустани.