Ова е еден од најпосетените митинзи на Зоран Заев откако ја почна кампањата „ЗА“ Северна Македонија. Како што претходно веќе објавивме во Крива Паланка Зав порачал дека младите луѓе да се борат и да влезат во акција за својата иднина. Апелираше до нив да разговараат со своите пријатели, со родителите, бабита и дедовците бидејќи нема план „Б“ или план „Ц“.
– Што ако ја пропуштиме оваа историска шанса? Мора да дадат одговори тие што наводно не бојкотираат, која е шансата за Македонија и што ќе се случува ако ја изгубиме. Никој не кажува што, затоа, на први октомври, по референдумот, ќе се погледнеме во огледалото и може да видиме среќно, гордо, насмеано лице или тажно лице кое ни вели: „изгледа толку не биваше, толку можевме“, рекол Заев на средбата со граѓаните во Крива Паланка.
Оттау, Заев продлжил вп Куманово. НА тамошниот митинг, како што јави МИА, дека е време за вистински патриоти за оние кои преземаат акција, кои го почитуваат минатото, но нивниот поглед е фокусиран во иднината. Време е да донесеме подобар живот во Македонија. Време е на 30 септември да донесеме одлука со која ќе се гордееме, одлука за идните генерации, порачал вечерва пред кумановци Заев.
Тој рекол дека го решиле спорот со Грција и дека се зајакнал македонскиот идентитет и македонскиот јазик, кој се впишува во ризницата на светските јазици, но нагласил дека е потребно да се понесе одговорност за европска Македонија.
– Граѓаните ќе го имаат последниот збор, граѓаните ќе одлучат, ќе изберат за иднина, за европска Македонија. Членството во НАТО и ЕУ носи нови инвестиции, нови работни места, посочи Заев, додавајќи дека невработеноста ќе се намалува и посочувајќи примери од земјите од регионот кои влегоа во НАТО.
Платите, додаде, ќе растат, а младите ќе останат.
– Да ги повикаме нашите роднини и пријатели да се вратат во Македонија која ќе биде безбедна држава, просперитетна, рекол Заев.
Додаде дека ова е историски момент, оти одлуката на 30 септември е поголема од партиите и дека е време да се остават кавгите настрана и да се види светлината на Европа.