Откако „Млади за Македонија“ на Школката во скопскиот Градски парк го насликаа Сонцето од Кутлеш, градоначалникот Петре Шилегов го прекри со бела боја.

Игор Дурловски, прашува: „Шу праиме кога ќе ви се потроши бојата?“

Шу праиме кога ќе ви се потроши бојата?#РеволуцијаНаБело

Gepostet von Igor Durlovski am Donnerstag, 29. August 2019

Градоначалникот Петре Шилегов деновиве, на Фејсбук, се испофали бојадисување на школката во Градскиот парк. Тоа наиде на иронични коментари и потсмев, исто така на социјалните мрежи, каде имаше коментари дека бојадисувањето на школката е втор голем потфат на Шилегов по оној со постојката за 50-ка во Градскиот трговски центар.

Потоа, фан страницата „Млади за Македонија“ на Фејсбук објави фотографија од Школка во Градскиот парк во Скопје на која е поставено Сонцето од Кутлеш.

– Градски парк Скопје, Македонија. Ја реконструиравме и школка во градскиот парк, пирејот се шири и нема да запреме овде. Вие едно ќе уништите/избрусите, ние пет нови ќе поставиме зашто тоа знаме и симбол е во нашите гени. Никогаш северна, само Македонија!- порачаа Млади за Македонија на Фејсбук.