Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска изјави дека нема намера да се кандидира за потпретседател на земјата на изборите во 2022 година и дека ќе се повлече од политиката, што потенцијално ќе го отвори патот за неговата ќерка да се кандидира за највисокото место во земјата, пренесуваат француските меидуми.

-Преовладувачко е чувството меѓу Филипинците дека не сум квалификуван и би било кршење на Уставот доколку го заобиколам законот, духот на Уставот, доколку се кандидирам за потпретседател, рече Дутерте.

„Денеска го објавувам своето повлекување од политиката“, додаде актуелниот филипински претседател.