Дарко ЈАНЕВСКИ

Ова е приказната „Дувица“ (Вдовица) на оригинален кукушки дијалект. Ви ја презентираме во ПДФ формат, бидејќи компјутерот не ги поддржува сите гласови кои ги содржи текстот од приказната а со цел да с езачува што е можмо повеќе автентичноста на зборовите

Приказната е дел од делото „Текстови од дијалектите на македонскиот јазик“ од Божидар Видоески, издадена од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во 2000 година. Речиси сто отстотно од зборовите од оваа приказна, ќе ги чуете и денес во Богданци, Гевгелија, Валандово, но нема да ги чуете од другата страна на границата кон исток.

Всушност, ова е јазикот на кој говорел Гоце Делчев и на кој се говорело во неговиот роден Кукуш. Доколку го прочитате текстот, односно доколку ја прочитате приказната за вдовицата, нејзинит син, чорбаџијата, царот и царската ќерка, ќе видите дека тој дијалект нема никаква врска со бугарскиот јазик, туку е дијалект на македонскиот јазик. Оттука произлегува и заклучокот дали Гоце бил Бугарин или Македонец, со оглед на тоа што оваа држава има такви кои го сметаат за Бугарин и има такви кои го сметаат истото, само молчат и го оставаат Заев да ја врши работата.

Фактот што ќе најдете негови писма во кои се употребува и бугарскиот јазик не значат ништо, бидејќи и апостол Павле на Риманите им пишувал на латински (а не на старогрчки), па бил само римски граѓанин, но пред се Евреин, на Коринтјаните им пишувал на старогрчки, па не бил Елин итн.

Оттука инсистирањето на Бугарите дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и оттука нивното инсистирање на бугарското национално чувство на Македонците во периодот на Гоце Делчев. Ако Гоце бил Бугарин, кој се борел за слободата на Македонија, како што се изјасни Стево Пендаровски, тогаш и јазикот на кој е напишана оваа приказна е бугарски, а со тоа и севкупниот македонски јазик. Но, прочитајте ја приказната и сами заклучете дали е таа има врска со Бугарија и бугарскиот јазик.

СОЛУНСКО-КУКУШКИ говор
Кукушко
Кукуш
Дувица