Кочи Груби излета од патот, европскиот фронт ви издиша како пукнат балон, се истакнува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со настаните во М-НАВ и обидот на вицепремиерот Артан Груби да ја брани својата партија, во интервјуто што синоќа го имаше на ТВ.
Во продолжение целиот текас од денешната реакција од опозициската партија:
Груби е малку нервозен кога бандитите од ДУИ се фатени на дело како прават упад во М-НАВ и тепаат вработени, не може да ја изманипулира јавноста зошто има снимки и има сведоци, а сепак судот под контрола на ДУИ ги ослободи. Но свесен е Груби дека граѓаните гледаат како се однесува ДУИ и дека страшно ќе ги казнат.
ДУИ мисли дека го поседува судството, и врши притисоци, а потврда за тоа стигнаа и од нашите меѓународни партнери.
ДУИ е дувлото на криминалот и корупцијата.
Донаторите на ДУИ се главни добитници на тендерите во институциите каде раководните структури се од ДУИ.
Братот на Груби купува дуќан во центар на Скопје по цена од 700 евра м2, како да купува гаража на периферија на Скопје.
Внукот на Ахмети не знае што попрво да прави. Од бизнисмен кој ја купи Соравија без денар до полн гепек со петарди.
Пука по сите шавови Груби, зошто знае дека крајот доаѓа, затоа што никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ