Околу 170 мигранти, во два одвоени случаи, со два мали брода, во текот на вчерашниот ден пристигнале во јужниот дел на грчкиот остров Китира, а уапсени се најмалку три лица, осомничени за криумчарење, јави дописничката на МИА од Атина.
За првиот случај, од грчката крајбрежна служба соопштија дека мигрантите пристигнале со едрилица, а биле откриени на копно и станува збор за вкупно 97 лица од различна националност, од кои 82 мажи и 15 жени, а 55 се малолетни.
Меѓу мигрантите биле и тројца криумчари, кои се уапсени, а едрилицата била пронајдена на карпест брег.
Во малиот брод, според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА, имало 73 лица, мнозинството од Ирак и Иран, но и двајца Руси и сите биле пренесени во конкретен простор за официјално да бидат преброени и регистрирани.