Фасадата на Собранието на Република Македонија во период од неколку години е „жртва“ на две револуции: прво шарената, сега патриотската. Прво шарените, сега патриотите, ставија свој белег и свој потпис врз фасадата на Парламентот.
Разликата меѓу првиот и вториот е во тоа што бришењето на „потписот“ на фасадата што го оставија шарените чинеше стотици илјади евра. Тие беа платени од џебот на граѓаните. Заедно со отстранувањето на „шарениот потпис“ од другите фасади, споменици итн.
И патриотите, кои протестираат против уставните промени и смена на името на Република Македонија во Северна, деновиве, како и на синоќешниот мирен протест пред Собранието, оставија свој „потпис“ врз истата фасада.
Но, за разлика од шарениот, за „бришење на патриотскиот потпис“ доволно е само исклучување на апаратот од штекер, исклучување на ласерот. И, тоа е се. Нема никакви последици ниту за фасадата, ниту за џебот на граѓаните.
Погледнете ја галеријата и сами пресудете за разликата во „потписите“ на шарените и на патриотите.