Едно лице загина откако два товарни воза се судрија на мост во Минхен во раните утрински часови во саботата, предизвикувајќи два вагона да излезат од шините и да се срушат на улицата подолу, според локалната полиција.
Според информациите од локалната полиција, дошло до судар меѓу два товарни воза при што едниот бил потиснат кон работ на мостот, по што паднал на улицата подолу.
Службите за итни случаи беа предупредени за судирот во северниот округ Милбертсхофен во Минхен во 1:40 часот наутро (23:40 GMT во петок), а околу 60 екипи за прв одговор беа испратени на местото на настанот, изјави портпаролот на противпожарната служба.
Дополнителна опасност не постои соопштија полициските службеници. Поради периодот од денот кога се случила несреќата, сообраќајот на улицата бил со низок интензитет и нема други настрадани минувачи или возила.
Причинета голема материјална штета, а делови од вагоните останаа да висат од надвозникот. Оваа железничка делница важи за една од најоптоварените товарни траси во Баварија, со оглед на тоа што ги поврзува локалните индустриски зони со ранжирната станица.




