Резултат на кавгата меѓу двајца Индијци е уништено Ламборџини.
На видеото се гледа Lamborghini Gallardo целосно зафатено во пламен. Пожарот бил подметнат среде бел ден, а како што информираат од полицијата дошло до расправија меѓу двајца дилери на половни автомобили.
Немилиот настан се случил пред неколку дена во градот Хајдерабад во Индија, недолго по расправијата меѓу двајца продавачи на автомобили. Кавгата, наводно, настанала поради несогласувањата околу провизијата во некои претходни препродажби на автомобили, во кои предност добил Неерај, сопственикот на Ламборџини.
A Lamborghini car reportedly worth over ₹3 crore was allegedly set on fire by unidentified persons, in Pahadishareef, Hyderabad on Saturday, over some financial issues.#Hyderabad #CarFire #SportsCar #fire pic.twitter.com/JBF5rLMtUT
— Surya Reddy (@jsuryareddy) April 15, 2024
Неерај изјавил дека се сретнал со другиот продавач, Ахмед, кој по расправија му го запалил автомобилот среде бел ден. На видеото се гледа автомобилот во пламен, а единственото добро е што пламените јазици не ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. Последните информации велат дека Ахмед, осомничениот за запалување на автомобилот, се уште е во бегство.
Да потсетиме дека Gallardo беше произведен помеѓу 2004 и 2014 година, а го наследи Huracan. Го придвижува V10 мотор кој произведуваше 570 КС и 540 Nm во најмоќната верзија.