Момче од Богданци утрово било пресртнато и ограбено од двајца непознати разбојници во Охрид.
Според билтенот на МВР, утрово околу 5:20 часот во СВР Охрид, Б.Д. (26) од Богданци пријавил дека истиот ден околу 4:30 часот на бул.„Македонски просветители“ во Охрид две непознати лица му извршилеразбојништво.
Додека се движел пеш бил пресретнат од едно лице кое го прашало дали може да го одведе до најблиското тобако. Движејќи се, им се приближило патничко возило „пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки, од кое излегло друго непознато лице, кое насилно го приближило до ѕид, додека едното лице од џебот му одзело 13.000 денари.
Потоа со возилото заминале во непознат правец. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.