Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Штип – Велес.
Според инспекторот за сообраќај во СВР Штип Владо Петров, несреќата се случила во 14:15 часот меѓу возило влекач и товарно возило.
Двете возила директно се судриле со што двајцата возачи на лице место се починати, а повредени се и две лица кои се транспортирани во штипската клиничка болница.
Во тек е увидот од страна на истражните органи, а сообраќајот на магистралниот пат Штип – Велес се пренасочува по регионалниот по стариот регионален пат Штип-Велес.