Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, политички е нападнат од сите страни од партиската војска и машинеријата на СДСМ.

Високи функционери на оваа партија јавно го нарекуваат со навредливи изрази, а за да биде уште потрагично, истите тие изразуваат „згрозување од ширење говор на омраза“ од учесници на вчерашната прослава на Илинден во Крушево.

Но, нивните двојни стандарди не се ништо ново. И не ги манифестираат само преку „говорот на омраза“. Партијата која ја предводеше шарената револуција, во која имаше и физички напади врз полицајци, и повредувани, сега е осетлива и на зборови. Шарената војска која ја запали и ја изгоре и канцеларијата на претседателот на државата и врховен командант, во центарот на Скопје, сега од разни страни удира врз претседателот.

Министерството за одбрана (МО) соопшти дека формирало Комисија со цел покренување постапка против професионалниот војник Мартин Богоевски кој бил препознаен на видео снимка од вчерашниот инцидент на прославата на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево.

– Со цел да се добие увид во ситуацијата и во заднината на случувањата, професионалниот војник Богоевски денеска е повикан на разговор и на распит во Воената полиција. Во текот на распитот војникот Богоевски, иако на видео-снимките се гледа како стои во првиот ред, негирал дека учествувал во инцидентот во кој беа нападнати вербално и со фрлање предмети високи официјални гости од странство, како и владината делегација која дојде на Мечкин Камен со цел да зеде учество во прославата на Илинден, соопшти МО.

Министерството за одбрана, се вели во соопштението, го осудува учеството на професионалниот војник Богоевски во инцидентот и укажуваме дека на припадниците на институција како што е АРМ не им е местото во групи кои користат насилство за остварување на политички цели и кои со напади врз високи странски официјални лица го нарушуваат угледот на АРМ и на Република Македонија.

Министерството за одбрана ќе ја информира јавноста за текот на постапката и за преземените мерки во врска со овој случај, се вели во соопштението.

Еве едно потсетување од пред две години, за тие што можеби заборавиле, а особено за тие со кратко паметење. Тие што денес повикуваат на рапорт војник поради тоа што бил на Илинденска прослава, пред две години преку своите медиуми правеа херои од учесниците во шарената револуција.

Веста е од 29 април 2016 година:

Вработена во АРМ тврди дека поради учеството во протестите на „шарена револуција“ била прераспределена на друга работна позиција од Скопје во Кичево. Јасмина Дуриќ, која во АРМ била вработена во 2003 година, вчера вечер на својот Фејбук профил напиша дека без најава била прекомандувана.

Дуриќ учествувала на протестите на шарената револуција и објавувала слики од тие протести.