Високиот крвен притисок може да биде многу опасен по здравјето и животот на секој, а научниците откриле дека неговото појавување главно се јавува кога во телото ќе се стопира процесот на ослободување на азотен оксид.

Азотниот оксид е клучен за регулирање на крвниот притисок и чистење на крвните садови, а научниците посочуваат дека неговиот недостаток може да се компензира со конзумирање на цвекло.

Цвекло содржи нитрити кои помагаат да се произведе азотен оксид. Пијте 250 мл сок од цвекло секој ден, или јадете 100 гр варено или сурово цвекло, а вашиот крвен притисок ќе почне да се намалува.

Уживањето во сончевите зраци е бесплатно и исто така го регулира високиот крвен притисок, велат експертите. Кога сте изложени на сончеви зраци, мала количина на азотен оксид низ кожата влегува во крвотокот и го намалува крвниот притисок.