Две лица, на возраст од 91 и 31 година починале во текот на последните 24 часа како последица на зразата со Ковид 19.

Откриени се 16 новозаразени, со што вкупниот број изнесува 257 заразени со корона вирус во Македонија, се вели во информацијата која штотуку ја истакна министерот Венко Филипче.

На Инфективната клиника во Скопје примени се тројца ново заболени од Скопје и Куманово.

На клиниката досега се хоспитализирани 49 лица, а стабилна е состојбата на сите други пациенти во болниците во Македонија

Двајца имаат втор негативен тест, за два до три дена по нивните втори тестови уште седум пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување.