Владата на својат објави преписка преку пораки меѓу Христијан Мицкоски Драсги Рашкоски, обвинувајќи го претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека врши притисок врз институциите. Но, во пораките Мицкоски всшност го обвинува Рашкоски дека крадат и при транспортот на грашаните на Макеодниај од странство во држвата со чартер летовите.

На сајтот Владата го објавила следното објансување:

  1. Летовите од земјите од кои доаѓаат нашите сограѓани до Северна Македонија ги реализира авио компанијата Визер, компанија избрана по критериумот најниска цена, а пријавена на јавните повици на Владата. https://vlada.mk/node/20714 
  2. Секој македонски граѓанин кој се враќа во нашата земја со превозот кој го организира Владата има обврска самостојно да го плати авионскиот лет, при што вкупната цена на чартер летот која изнесува околу 32.000 евра се дели со бројот на патници сместени во авионот. За пример, цена на летот од Минхен до Скопје изнесуваше околу 190 евра по патник. (во прилог договорот за организирање авионски превоз меѓу Владата и секој граѓанин кој го користи превозот).
    Граѓаните кои се враќаат во земјава се контактирани од МНР ден претходно, при што ги добиваат сите информации во врска со превозот и со државниот карантин, вклучително и цената и условите за превозот.
  3. При слетување на аеродромот во Скопје, за граѓаните е организиран автобуски превоз од овластен автобуски превозник избран на јавен повик, со автобуси кои ги дезинфицира сертифицирана компанија. Патниците при слетувањето добиваат информација кон кој нумериран автобус треба да се упатат и на која локација со обезбеден државен карантин ќе бидат превезени. Понатаму автобусите се обезбедени со полициска придружба, а возачите се со скафандери и заштитна опрема. На повикот за оператор кој ќе обезбеди автобуски превоз за граѓаните од аеродромот до државните карантини, единствен понудувач беше компанијата “Вардар експрес”, компанија која ги исполни условите да располага со 20 автобуси во ист момент, имајќи предвид дека при слетување на два авиони во исто време, тоа е потребната бројка на превозни средства за вкупниот можен број на патници.
  4. Македонските граѓани сместени во државни карантини ги користат капацитетите на објекти/хотели кои се пријавиле на јавниот повик на Владата (https://vlada.mk/node/20642). Станува збор за обезбеден капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се околу 1.200 легла.

Граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската. Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од секој сместувачки објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата. За секој од нив е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван.

Сепак, очигледно од комуникацијата меѓу Мицкоски и Рашкоски е дека лидерот на опзицијата има сосема поинакви информации за начинот на кој сето ова е организирано.