Две недели пред Рождеството Христово се слави Недела на светите Праотци.
На овој ден Црквата го одбележува споменот на светите Праотци, односно сите древни родоначалници на богоизбраниот народ – Израилот, и нивните потомци, почнувајќи од Адам, вклучувајќи ги Сит, Енох, Ное, Авраам, Исаак, Јаков па сè до Јосифа Обручник, коишто го очекувале доаѓањето Христово.
Помеѓу ова мноштво на луѓе, коишто ја претставуваат целата историја на дохристијанското човештво, особено се издвојуваат имињата на старозаветните пророци, како оние кои го проповедале Христа и ги подготвувале луѓето за примањето на Месијата.