Пејачот Синан Сакиќ, починал рано утрово во Белград, по борбата со тешка болест. Неговиот живот, кој тој смаиот го опеал во песните, бил бурен, полн со внатрешна човечка борба која, понекогаш, како што и сам раскажувал во интервјуата, била тешка, неиздржлива, невозможна, но со тоа и почовечка, полна со емоции.
Неговото здравје го нарушило пиењето. Пиел со децении. Пиел секој ден. Со друштво и без друштво. Се будел наутро, често не знаејќи ни каде е, ни што е, пишува белградски Блиц во очигледно емотивниот напис на самиот новинар.
„Ми се случувало да се разбудам и да не знам што се било претходниот ден. Ни каде сум бил, ни што сум правел, дали некому сум му сторил зло, дали некого сум повредил или навредил. Лажните пријатели ми велеа дека сум во право и кога не беше така. А, јас, во ретките моменти на трезвеност сакав да ми кажат каде сум погрешил, што треба да исправам, дали некому треба да му се извинам, велел Сакиќ.
Минатата година имал операција при која му бил вграден стент на жолчните патишта, но лекарите му рекл дека тоа краткотрајно решние и дека треба да се изврши трансплантација на црниот дроб.
„Алкохолот е мојата грешка. Бев хроничен алкохоличар, но тоа никој не го забележуваше кога бев на сцена. Тоа беше мојот порок, но успеав да го победам. Пред четири ипол години добив алкохолна жолтица. Дневно пиев по две шишиња жесток алкохол. Не одев на лечење, само кажав дека со тоа сум завршил. Ги спакував работите и отидов во Лозница. Не ми е потребен психолог, ни невропсихијатар, толку работи поминав низ животот што јас би можел многумина да лечам. Се доаѓа од главата. Сега ќе испијам две чаши вино или виски и толку. Единствен порок кој не можам да го победам се цигарите“, велел Сакиќ во едно интервју.