Двајца локални службеници во американските дипломатски мисии во странство, еден во Индонезија и еден во ДР Конго, умреле од последици на коорнавирусот, соопшти Стејт департментот.

Во првото соопштение на Стејт депертментот за човечки загуби од коронавирусот, се наведува дека тие работеле во амбасадите на САД во Џакарта и Киншаса, пренесуваат британските медиуми.

-Во овој момент немаме информации за смрт на Американци во Стејт департментот, како  во земјата, така и во странство, изјави американски дипломатски  претставник.

Медицинскиот претставник на Стејт департментот, Вилијам Волтерс, вчера изјави дека меѓу вработените во странство се регистрирани 75 случаи на заболени, а во САД уште 30, како и дека петмина припадници на локалниот персонал во амбасадите се сместени во болница.