Во Франција од почетокот на кризата со коронавирусот, потврдени се 17 случаи, 11 се излекувани, 4 се сеуште  на болничко лекување и две лица починаа. Двете починати лица боледувале и од „други болести”, јави дописникот  на МИА.
Ова го тврди докторот Ерик Кожа, шеф на сервисот за инфективни и тропски болести во болницата Питие Салпетриер во Париз,  каде еден  шеесетгодишен Французин заразен од новиот коронавирус, почина минатата ноќ.
Специјалистот им забележува на властите дека не го смириле доволно  населението.
-Зошто здравствените власти  не кажуваат дека лицата кои умираат  во Италија имаат 80 години,  од рак и други патологии. И во Франција, зошто, не инсистираат на фактот дека двете починати лица имаа и други  болести? Има вистински проблем во комуникацијата, вели тој.
Според него, Ковид-19 е само уште еден друг коронавирус.