Во розовата слика што власта и ја сервира на јавноста платите растат, економијата цвета, расте стапката на БДП и се ближиме до ветената просечна плата од 500 евра.

Но, од сликата во практиката, и во огласите за вработувања, се гледа дека понудите не се розови и се далеку од ветените 500 евра. Погледнете ги износите на плати што се нудат во огласите за неколку занимања:

Основна плата за лекар е 12.600 денари, за економист 12.550, за преведувач 12.000 итн.