Тетовската секција при Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат) денес започна со поставување нови информативни табли на автопатот А2 Скопје-Тетово на кои сега покрај на македонски јазик има информации и на албански јазик.
Според информациите од тетовската секција на јавното претријатие промената доаѓа по донесувањето на законот за употреба на јазици при што покрај службниот македонскиот јазик и неговото кирилско писмо на таблите треба да се користи и друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик).
-На автопатот на влез во Тетово поставена е нова поголема и по различен облик информативна портал табла. На таблата сега информациите се истакнати на македонски јазик, албански јазик и на латинично писмо, информираат од јавното претријатие-секција Тетово.
Таблите ќе се менуваат во текот на наредните месеци. Покрај на автопатот нови табли ќе има и на останатите регионални и магистрални патишта.