Сведоци сме деновиве на црна кампања што власта и владејачките партии ја водат против независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако пропагандата од власта и „даде“ бугарско државјанство на Арсовска, на социјалните мрежи постојано се печатат нови бугарски државјанства и пасоши. Корисниците на социјалните мрежи пропагандата ја искористија за мајтап со истата.

Меѓу другите кои добија „бугарско државјанство“ е и Александар Трети Македонски, роден во 356 година пред нашата ера во Пела.

Претходно бугарско државјанство на социјалните мрежи им беше „иштанцано“ и на противкандидатот на Арсовска, Петре Шилегов, како и на неговиот промотор и најгласен во пропагандата против Арсовска, премиерот Зоран Заев.