Германскиот министер за Европа, Михаел Рот, кој пред референдумот беше во Скопје за да даде поддршка на „ЗА“ кампањата, преку Твитер порача да се игнорираат резултатите од референдумот и Договорот со Грција да биде изгласан во Собранието.

Но, само кртко потоа, беше одржан референдум во Романија за забрана на истополовите бракови. Референдумот пропадна бидејќи на него излегоа околу 20 отсто Романци, а потребниот цензус беше 30 отсто. Истиот тој Рот, инаку хомосексуалец, сега преку Твитер го поздрави резултатот од народната волја и не смета дека се бројат само тие што излегле на гласање. Ниту пак бара, независно од тоа што пропадна референдумот, работата да се заврши во романскиот парламент.

Ова е твитот на Рот по македонскиот референдум:

„Не само Владата, туку и политичките партии, вклучувајќи ја и опозицијата да преземат одговорност за иднината на Македонците. Таа лежи во Европа. Затоа, имплементацијата на Договорот од Преспа е толку важна. Патем, бојкотот не е решение“.

Истиот тој Рот, кој, како што рековме е хомосексуалец, а референдумот во Романија имаше за цел токму тоа – да ги забрани хомосексуалните бракови, по пропаста на гласањето во оваа држава напиша:

„Забраната на истополовите бракови во Романија пропадна. Јасен сигнал за нашите заеднички европски вредности. Благодарение ан храбрите активисти з ачовкови права и ЛГБТ активисти. референдумот беше чекор назад. Во Европа нема место за хомофобија“.

Како што можете да видите, овде не вели дека „бојкотот не е решение“ како за МК референдумот туку дури им благодари на активистите за ангажманот поради кој референдумот не успеал. Ниту вели дека независно од тоа, за истото мора да се одлучува во романскиот парламент. Срамно!