Клучно беше да имам писмена согласност од сите партии за разрешување на Катица Јанева, вели собранискиот спикер Талат Џафери.
Тој во изјава за медиумите рече дека до 15 септември ќе закаже итна седница со единствена точка на дневен ред, разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева која е во притвор поради вмешаност во криминалната афера Рекет.
Седницата како што рече досега не била одржана бидејќи се чекало што ќе биде решено на лидерската средба која заврши без договор за судбината на СЈО и новиот закон за Јавно обвинителство.