Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до началникот на генералштабот на Армијата на Македонија, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски и до припаднците на АРМ по повод 18 Август, Денот на Армијата.
-Во име пратениците во Собранието на РС Македонија и во мое лично име Ви го честитам 18 август, Денот на Армијата на РС Македонија Вам, на војниците од сите чинови, цивилните службеници во Армијата и на сите граѓани на РСМ, се вели во честитката од Џафери.
Во овие 30 години, се нагласува, припадниците на Армијата несебично се посветени на својата благородна задача – зачувување и обезбедување на интегритетот и суверенитетот на Македонија и секојневно придонесуваат во безбедноста и стабилноста на државата.
-Професионалноста која секојдневно ја покажувате е за особена почит и е пример за сите, затоа граѓаните имаат огромна доверба во капацитетите и подготвеноста на припадниците на Армијата. Имав чест и привилегија да бидам дел од Армијата и да придонесам во остварување на евро – атлантските цели на државата како офицер во АРМ, заменик министер и министер за одбрана – периоди од мојата кариера на кои со гордост се навраќам, посочува Џафери во честитката.
Нагласува дека подготвеноста и посветеноста на нашата Армија ги препозна и светот, преку рамноправното учество на нашите војници во меѓународните мировни мисии, успешната меѓународна соработка на Армијата во време на бегалската криза, па се до нашето долгопосакувано полноправно члество во НАТО во 2020 година, со што Армијата официјално го доби заслуженото место на активен чувар на светскиот мир.