Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, упати честитка по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука.
– Дозволете во име на пратениците во Собранието и во свое лично име да упатам искрени и срдечни честитки по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука до сите Албанци во РС Македонија и насекаде каде не има распространети низ светот. Најсилното орудие на еден народ, унифицираната азбука со која пишуваме, читаме и го шириме албанскиот јазик, албанската култура, обичаи, посебности и фолклорните традиции го започна својот пат пред точно 115 години на Битолскиот конгрес, на кој се собра интелектуалниот врв на Албанците и донесе одлука за азбуката која стана катализатор на интелектуалното, културното и уметничкото издигнување на албанскиот народ, но над сѐ, наш идентитетски знак. Ние, како одговорни политичари, имаме обврска да го чуваме и надградиме тој аманет на секој чекор, со секое дело и со секоја иницијатива што ја преземаме а младите генерации треба да ја знаат вредноста на жртвата што е направена за да се постигне да се биде на рамништето на етаблирани светски нации со цврст и неоспорен идентитет. Јазикот е моќна алатка која не обединува помеѓу себе, а во РС Македонија, како земја во која се негуваат и почитуваат сите различности, тоа е додадена вредност која обединува и луѓе и идеи, придонесува во напредокот и развојот на државата. Драги сограѓани, ви посакувам празникот да го поминете во убава и свечена атмосфера, а убавиот збор нека биде водилка во нашето секојдневие. Честит 22 Ноември – Денот на албанската азбука!, се наведува во честитката на Џафери.
Фото: МИА архива