Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска соопшти дека се уште на ја примил предлог – одлуката на Владата со која се бара од Парламентот да прогласи вонредна состојба поради справување со ситуацијата со коронавирусот, но ја очекува во секој момент.

– Согласно процедуроите истата предлог одлука врз основа на Уставот, чл 125 став 4 дека Собранието не може да се собере, ќе биде упатена до претседателот на државата. Се надевам дека претседателот ќе постапи согласно неговите надлежности, рече Џафери.

Собранието, додаде Џафери, не може да се собере и поради наредбата за забрана за собирања .

Џафери го повтори ставот даден порано денеска за МИА, дека го дели мислењето со одредени експерти дека по самораспуштањето и  распишувањето на избори Парламентот не може да се состане повторно. Изборите според претседателот на Собранието ќе бидат одложени со уредба од страна на Владата, врз озносва на член 126 од Уставот

Претседателот на државата Стево Пендаровски, пак, претходно на својот профил на Фејсбук напиша дека очекува претседателот на Собранието да го проследи владиниот предлог за прогласување вонредна состојба до него, по што ќе се обрати до јавноста.