Имам можност лично да го знам тој човек. И среќен сум, изјави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов за министерот за здравство Венко Филипче.

Шилегов „славопојката“ за Венко ја завршува со оптимизам и „заради Македонија“ без северна:

– Некогаш мислам дека не секогаш бевме (сме) фер кон него. Замислете се почитувани, да на својот грб ја носите судбина на цела нација. И сите да ве гледаат само вас. Мислите ли дека е лесно? Мислите ли дека му е лесно ? При тоа да сте свесни (а свесен е) дека на крајот сите во него ќе бараат виновник? Ве молам, слушајте го што збори. И почитувајте го тоа што Ви кажува. За да не мора сите да патиме. За да му олесниме. Додека го сакаме. И нема тука политика. Има животи. Мој, негови, Ваши. На нацијата. Голема почит, друже мој. Издржи. Ќе издржиме. Заради нас. Заради Македонија, ја завршува Шилегов, со четири извичници, неговата објава на Фејсбук.

Малку е чудно тоа што Шилегов и неговите сопартијци во една реченица од пет збора три беа „северна“, а сега одеднаш „заради Македонија“ без придавка.