Собранието ќе биде распуштено на 11 февруари, а веднаш потоа собранискиот спикер Талат Џафери ќе ги распише предвремените парламетрани избори што треба да се одржат на 12 април.
Џафери денеска на средба со новинарите рече дека според Уставот, изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од самораспуштањето на Собранието.
Изборите ќе се одржат според досегашниот изборен модел.
Во однос на ратификацијата на Протоколот за НАТО, Џафери рече дека по распушатењето нема можност за свикување на Собранието. За ратификација на Протоколот ќе треба да се чека новиот парламентарен состав.