Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Како што наведува Џафери, споменот на старите битки кои не довеле до тоа што сме сега, треба да биде потсетник и учител за новите секојдневни битки кои ги водиме како граѓани на современа, демократска, напредна и безбедна Република Македонија.
-Од име на Собранието на РС Македонија и од мое лично име упатувам честитки по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Овој ден е споменик на револуционерната идеја која водела низ битки во кои многумина го положиле најскапоценото, животот. Затоа што знаеле дека револуцијата е раскрсница помеѓу иднината и минатото. Тие верувале во слободна, независна, единствена и напредна држава во која секој ќе може да ја гради својата иднина и иднината на своите млади поколенија горделиво и достоинствено. За тоа била потребна и се уште е потребна пожртвуваност, верба и визија за во иднина да се уживаат плодовите на битките низ историјата. Споменот на старите битки кои не довеле до тоа што сме сега, нека биде потсетник и наш учител за новите секојдневни битки кои ги водиме во животот заедно, сплотени и единствени како граѓани на современа, демократска, напредна и безбедна РС Македонија. Драги граѓани, Ви посакувам убав празничен ден, поминат во кругот на блиските и драги луѓе. Нека е честит 23 Октомври, истакнува Чафери во честитката.