Техничкиот премиер кој сега стапи на должност Талат Џафери денеска во однос на протестите поради одлуката за формирање на паралелка на албански јазик во училиште во Чашка, посочи дека во овој момент не може да каже што конкретно ќе преземе, но дека секој има право на она што му е пропишано во законот. Како што посочи, ќе бидат вклучени и ангажирани сите страни и сите надлежности кои се во Владата ќе се извршат, за да се најде соодветно решение.
По однос на ова прашање, ќе бидат вклучени и ангажирани сите страни и сите надлежности кои се во Владата ќе се извршат, за да се спроведе правото
-Во овој момент не може да се каже конкретно што би можело да се преземе од моја страна како премиер кој сега стапува на должност. Но, имајќи ги предвид сите аспекти и законите во Уставот, секој има право на она што му е пропишано и дозволено во законот и секој има обврска да ги спроведе своите надлежности. По однос на ова прашање, ќе бидат вклучени и ангажирани сите страни и сите надлежности кои се во Владата ќе се извршат, за да се спроведе правото, рече Џафери во одговор на новинарско прашање, за време на денешната заедничка прес-конференција со поранешниот премиер Димитар Ковачевски, по примопредавањето на функцијата во Владата.
Инаку, жителите на Чашка се незадоволни што oд 22 ноември лани не биле ислушани од надлежните институции, родителите на учениците од Основното училиште „Тодор Јанев“ од Чашка, кои се против формирање на паралелка на албански јазик во нивното училиште. Тие мирно ги блокираа приодите кон општината, на две места пред галеријата на железничката пруга на влезот во Чашка и на мостот на Тополка во правец на селата Отиштино и Горно Оризари.
Фото: МИА