Швајцарскиот репрезентативец од албанско потекло Гранит Џака се огласи после бурата која се крена поради неговото скандалозно однесување кога мечот против Србија го прослави покажувајќи го двоглавиот орел.
Мундијалот влезе во самата завршница, а во швајцарските медиуми и понатаму главна тема е однесувањето на Албанците за време на мечот на Швајцарија и Србија, попрецизно нивниот скандалозен потег по постигнатиот гол.
Генералниот секретар на ФС Швајцарија, Алекс Мишер остро го критикуваше однесувањето на Џака и Шаќири и истакна дека селекцијата е оптоварена со нефудбалски работи.
На Џака не му се допаднала реченицата на Мишер во интервјуто: Ни требаат ли играчи со двојно државјанство?
– Тоа интервју брзо проструи низ целата наша репрезентација. Па на самиот Мундијал, после мојата прослава со покажување на двоглавиот орел, Алекс ни пријде и рече дека ќе направи се што е во негова моќ да не заштити. А три дена после нашето испаѓање, тој изјави тоа што го изјави-рекол Џака за Кејстон-СДА
Тој натаму продолжува:
– Во неговите коментари видов дека тој едноставно не верува дека играчите со двојно државјанство можат на вистински начин да ја застапуваат Швајцарија. Тоа директно се однесува на мене и другите фудбалери кои се во иста ситуација. Сето тоа ми звучи како јас и моите колеги да не пружаме се за репрезентацијата. И само што го доживеавме горкиот пораз од Русија, тој ни го направи тоа. А ние сме Швајцарци, даваме се од себе за Швајцарија, секој од нас бидејќи сме свесни и благодарни на земјата за се што направила за нас и нашите семејства. Мислам дека Алекс има многу проблематични размислувања од камено доба, кое се однесува на луѓето со двојни државјанства – заклучил Џака.