Напнатоста помеѓу Софија и Скопје продлжува и покрај Договорот за добрососедство кој го склучија премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов. Изјавата на премиерот Зоран Заев предизвика остра реакција на една од владејачките партии во Бугарија: “Македонскиот јазик ќе биде официјален јазик во Европската унија, кој има 500 милиони жители”. Ова беше напишано на Фејсбук профилот на Зоран Заев пред информативната кампања за претстојниот референдум за договорот со Грција и поканата за членство во НАТО и ЕУ.
Овие тврдења на македонскиот премиер беа опишани како луди од страна на бугарската политичка партија ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов.
“Во историските и јазичните кругови не постои контроверзност, македонското наречје е западнобугарски дијалект, а друго е прашањето за тоа како земјата го нарекува својот јазик под нејзиниот устав, но во меѓународното право јазикот не е претставен или не е познат”, коментирал во студиото “Денот ON AIR”, заменик-претседателот на ВМРО-БНД, Ангел Џамбазки.
Според неговите зборови, прашањето дали Бугарија ќе го признае македонскиот јазик не е на дневен ред, бидејќи вистината е повеќе од јасна.
“Сите бугарски државјани, кои некогаш се соочија со нашите браќа во Република Македонија, знаат дека немаме никаков проблем да разговараме на ист јазик, односно на бугарски јазик”, рече европратеникот пред Бугарија ON AIR.
Во меѓувреме, копретседателот на Обединетите патриоти, Волен Сидеров предложи анекс на Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија. Скопје да се воздржи од шпекулации и да се обиде да ги приспособи историските настани или личности од бугарската историја.
“Не е конфликтност, не е создавање непријателски односи. Ние си ги поставуваме условите, бидејќи се шпекулира со историјата, видовте што се случи со прашањето за Илинденското востание, сега по прашањето за кој на каков јазик зборувал. Овие теми ќе продолжуваат да излегуваат. Затоа сметам дека е најдобро правно да се решат работите, со анекс на договорот, ќе го гласаме во собранието, Министерскиот совет, МНР ќе го понуди, а Македонија ќе го прифати“, изјави Сидеров.
Инаку, европратеникот Ангел Џамбазки, од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, при отстранувањето на споменикот на македонскиот раволуционер Андон Јанев Лазов – Ќосето, рече дека е всушност исполнување на договорот за добрососедство со Бугарија.
Џамбазки тогаш напиша дека треба да се побара споменикот да и се даде на Бугарија и да се постави во Благоевград.
– Одлична вест за бугарската каузаа во Македонија. Андон Ќосето е еден од видните дејци на ВМРО, заслужен бугарски национален револузионер, докажан бугарски воин. Поставувањето на тој споменик беше провокација врз бугарската историја. Неговото рушење е дел од исполнувањето на договорот со Бугарија, напиша Џамбазки на наеговиот фејсбук профил.