Надбискупот Џастин Велби од Кентербери, водач на свестката англиканска заедница, реагирал на притисокот на либералите и феминистите внатре во заедницата и изјавил дека Бог не „машко ни женско“, туку е „полово неутрален“ откако женските бискупи барале англиската црква да престане Бог да го именува и сместува во машкиот пол.

Велби одржал предавање во црквата St. Martin-in-the-Fieldsu во Лондон, пренесува Гардијан, и прогласил дека „сите човечки јазици се недоволни и помалку метафорични кога Бог е во прашање“:

„Бог не е татко на ист начин како и човечкиот татко. Бог не е ни машко ни женско. Бог не е дефиниран“. Тој всушност реагирал на барањето на феминистките Бог да биде сместен во женскиот род.
Велби додал:
„Исклучително е важно како христијани да се сетиме дека конечната објава за тоа кој е Бог, не беше со зборови, туку со Божјата појава која ја нарекуваме Исус Христос.“
Професорот по христијанска историја, Диармад Мек Кулок ја потпрел изјавата на надбискупот Велби соопштувајќи за The Times дека причината поради која Бог е сфатен како машко е од „патријархални претпоставки“ на ранохристиајнските општества во Грција и Рим.
„Светот сега е поинаков “, рекол професор Мек Кулок, „и мораме да покажеме дека нашиот поглед на Бог е поширок од тоа и не смее да се меша со архаични изрази“.
Челниците на црквата повикале на ревизија на Библијата за да „се исправи големата грешка со употребата на машкиот род“ за која сметаат дека претставува пречка за „евангелизација на младите луѓе“ – наведува Fox News.

Кон крајот на минатата година и шведската црква декларираше дека Господ Исус Христос е полово неутрален, а исто така и Бог.

Инаку, истржувањето на рејтинг агенцијата YouGov poll покажало дека 36 отсто од Британците го сметаат Бог за машко, но 41 отсто мислат дека Бог нема пол.