Електромобилот „Римац Невера“ е наводно еден од најбрзите автомобили што некогаш бил паркиран во познатата гаража на американскиот комичар, сатиричар и ТВ-водител Џеј Лено.

Неговиот суд и впечатоци важат за ценети и вреднувани од многумина, а доказ за тоа е гледаноста на неговите видеа на Јутјуб. Познатиот шоумен сега ја испроба и „Неверата“ на хрватскиот инвеститор Мате Римац, а како гостин пристигна и Мирослав Зрнчевиќ Мргуд, официјалниот тест-возач на „Римац автомобили“. Се проценува дека во „Невера“, Мргуд има извозено околу 130.000 километри.

Првиот дел од видеото се занимава со запознавање на „Невера“ – дека автомобилот има пет режими што се прилагодуваат на потребите на возачот. Мргуд открива дека развојот почнал пред пет години, само неколку месеци пред претставувањето во Женева, Швајцарија. Возилото постигнува забрзување до 100 км/ч за помалку од две секунди.

Џеј Лено беше изненаден од тоа како „Невера“ вози без оптоварување.

– Ова е без напор, оди мазно… Но, кога „овој“ ќе дојде до мојот калник, ќе нагазам на гас и ќе го оставам зад мене!, рече Лено гледајќи како еден „Мерцедес“ му се приближува, па стисна на гаста.

Лено на крајот го пофали електромобилот. – Оваа работа е одлична и воопшто не е страшна, заклучи тој.