Иако во последно време ја гледаме во спортски изданија, Џеј Ло успева да нè воодушеви и со елеганција.

Џеј Ло, која се смета за модна икона на денешницата, прикажа совршен стајлинг на улиците на Њујорк во црно-бел фустан на Валентино, кој го комбинираше со чанта со ист дезен и чизми со високи потпетици.

Фустанот чини дури 4.000 евра, а со ова неверојатно стилско издание, собра само позитивни коментари на социјалните мрежи.