Инако има 62 години, актерката Џејми Ли Кертис продолжува да ја радува јавноста со својот изглед.

На Златните глобуси, што се одржа синоќа во посебни услови поради пандемијата на коронавирусот, Кертис беше една од водителките, а на црвениот тепих се појави во жолт фустан што го истакна нејзиното деколте.

Длабокото деколте откри дека таа не носи градник, а на социјалните мрежи сподели фотографија од својата облека, каде доби бројни комплименти од следбениците.

„Ти си убава“, „Божица“, „Блескаш“, се само некои од ласкавите коментари.

Актерката неодамна се пофали дека 22 години не пробала ниту капка алкохол.

„Со Божја милост и поддршка на многу луѓе кои поминале низ слични искуства и неколку трезни ангели, успеав да останам трезна 22 години“, напиша неодамна таа.

Кертис, која е позната по улогата во култниот филм Ноќта на вештерките, во младоста имаше проблеми со пороците, но навреме почна да се овикнува и денес гордо зборува за тоа.