Трошоците за транспорт на стоки од Азија во Европа се зголемени за 400 отсто поради нападите во Црвеното Море, соопшти европскиот комесар за економија Паоло Џентилони.
Времето на испорака на стоката од Азија во Европа е продолжено за десет до 15 дена поради нападот, рече Џентилони.
Тој очекува дека гореспоменатите поскапувања на транспортот ќе извршат одреден притисок врз зголемувањето на инфлацијата во ЕУ.
„Јасно е дека натамошните прекини би можеле да предизвикаат нови тесни грла во снабдувањето што би го намалиле производството и би ги зголемиле цените“, истакна Џентилони.
Тој додаде дека се уште има услови за економско закрепнување во ЕУ и во еврозоната и оти цените на енергенсите се многу пониски од претходно.
Фото: ЕПА