Народниот правобранител, Насер Зибери за потребите на институцијата со кој раководи набавил автомобил марка „џип копас“ во вредност од 2,4 милиони денари или околу 40 илјади евра.
– Народниот правобранител и кандидат за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери, се поднови со нов автомобил од американскиот бренд ‘Jeep Compass’, за кој се потрошени 2,4 милиони денари, или близу 40 илјади евра пари на граѓаните. Новото возило може да ги задоволи и најпребирливите вкусови и во него има вградено радио со екран на допир, предупредување за замор кај возач, адаптивен темпомат, препознавање на сообраќајни знаци и слично, се вели во објавата на официјалниот фејсбук-профил на Левица.
Како што објави 360 Степени, дека ваква набавка е реализирана покажуваат и податоците кои може да се проверат на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки.
Според нив, договорот за набавка на возилото е склучен на 17 март оваа година меѓу Народниот правобранител и Аутомобиле СК. Набавката е со проценета вредност од 2 499 999 денари со вклучен ДДВ, а вредноста на склучениот договор изнесува точно 2 391 688 денари со ДДВ.
Целиот текст може да го проитате ТУКА.