Американскиот актер Џон Малковиќ вчера пристигна во Загреб со музичко-сценскиот настап “The Music Critic”, а со насобраните медиуми зборуваше за своето хрватско потекло.

„Сум бил тука неколку пати, секогаш уживав. Не сум поминал многу време во Загреб, бев само три-четири пати. Не го познавам толку добро Загреб. Посетив многу острови, патувавме многу крај брегот. Беше убаво, фантастично. Бевме на долго патување, ги поведов моите колеги и нашите семејства на долго крстарење, три недели, пред неколку години“, вели Малковиќ. 

“Јас сум половина Хрват. Точка. Колку што знам. Дел сум Шкотланѓанец, делумно Французин. Тоа не е нешто со што би се гордеел, или нешто од што се срамам, мислам. Тоа е факт “, изјави актерот.

Според Јутарњи.хр, 67-годишниот актер слетал во Загреб 20 минути подоцна од планираното, а потоа се заглавил во толпата до хотелот каде што престојува. Не планира да шета низ градот поради набиениот распоред, а како што пишуваат хрватските медиуми, во Загреб останал еден ден.