Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека неговата земја е подготвена да обезбеди секаква можна поддршка и помош на Либан по експлозијата во пристаништето во Бејрут.
„Фотографиите и видеата од Бејрут вечерва се шокантни. Сите мои мисли и молитви се со оние кои се погодени од овој ужасен инцидент“, напиша Џонсон синоќа на Твитер.
Британскиот премиер додаде дека „Велика Британија е подготвена да обезбеди поддршка на кој било начин, вклучувајќи ги и британските државјани кои таму се затекнале“.
Според досегашните податоци, најмалку 78 лица загинаа во експлозијата, а околу 4.000 се повредени.