Британскиот премиер Борис Џонсон ги негираше тврдењата дека ја излажал кралицата Елизабета Втора во врска со причината за суспендирање на Парламентот за пет недели, откако суд одлучи дека неговата одлука е незаконска.
Парламентот беше суспендиран во понеделникот до 14 октомври, а противниците на Џонсон велат дека тој потег е со цел да ги спречи нивните обиди да ги разгледа плановите на премиерот за напуштање на Европската унија и да му овозможи да спроведе Брегзит без договор на 31 октомври.
Највисокиот апелациски суд во Шкотска донесе одлука вчера дека суспензијата не е легална и ги ограничува законските застапници, поради што противниците на Џонсон го обвинија дека ја лажел кралицата за причината за суспензијата.
Џонсон изјави денеска дека тие тврдења „апсолутно не се точни“.